Агелар: САД имаат план да ги реафирмираат заедничките приоритети, како што е борбата против корупцијата

5

САД имаат план да ги реафирмираат заедничките приоритети како што е борбата против корупцијата. Тоа ќе остане приоритет за Вашингтон и ќе покрене неколку прашања за време на посетата на советникот на Стејт департментот, Дерек Шоле, следната недела, рече амбасадорката на САД, Анџела Агелар.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со посетата на советникот, на денешната заедничка прес-конференција со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, Агелар посочи дека ова биде ќе многу интензивна година, а, како што рече, советникот Шоле со неговата посета ќе ги потврди заложбите и поддршката на САД за Северна Македонија.

Во однос на прашањето дали разговарал за резултатите од истражувањето на американскиот тим кој пристигна во Скопје да истражува корупција кај поранешни, но и кај актуелни функционери, министерот Османи рече дека рамката, која што ги дефинира односите помеѓу САД и Северна Македонија и во однос на содржината е стратешкиот дијалог и акцискиот план кој што произлегува од него, за кој, како што рече, се очекува да биде усвоен од Владата во наредните денови.

– Во тој стратешки дијалог, во таа рамка, односно во тој акциски план, највидно место зазема заедничката соработка со САД во делот во борбата против корупцијата. Така што тоа е во рамки на договорена платформа за соработка помеѓу САД и Република Северна Македонија и секоја нивна поддршка е добредојдена и сме благодарни за тоа, рече министерот.

Дополни дека останува на САД да одлучи на каков начин ќе ја дадат таа поддршка.

– Минатата година ја дадоа веднаш по склучување на стратешкиот дијалог преку финансиска поддршка, дополнителни милиони евра за правосудството. Преку експертска помош, односно обука на луѓето кои се вклучени во правосудството. Еве, најава и преку листа на санкции, рече тој.