Адвокатите на Боки и на Катица реагираат за снимките што се пуштаат во судницата: Неартикулирани гласови и смеење!

10

Не се знае кој кого бара, ниту кој со кого разговара, нема ни време ни датум на снимките кои згора на сè ги доставил подносителот на кривичната пријава, приговараше адвокатот на Боки 13 во „Рекет“, Сашо Дуковски.

– Неартикулирани гласови и смеење, се слуша само тоа – истакна адвокатот.

Поради неразбирливите снимки реагираше и адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска, која рече дека не може од снимениот разговор да се утврди кој со кого разговара. Реакција имаше и вториот адвокат на Јанева, Дељо Кадиев, кој исто така забележа дека разговорите се неразбирливи и даде забелешка за автентичноста на снимките.

Инаку, станува збор за аудио-снимките што беа дадени како докази на денешното рочиште во предметот „Рекет“.