Аделина Марку: Во скечот на “Фчерашни новости” имаше цинизам и протофашизам – Бараме да се извинат!

За ''Фчерашни новости'' и протофашизмот на политичкиот хумор!

507

По скандалозниот прилог кој се емитуваше на емисијата Фчерашни новости а кој е врзан со Пописот и со албанското население во Македонија, дипломат од Министерството за Надворешни Работи Аделина Марку на Фејсбук побара извинување од тимот на Фчерашни.

Впрочем, за прилогот на Фчерашни кој по бурните реакции е остранет од социјалните платформи, Марку вели дека имал дискурс на цинизам и протофашизам.

Во продолжение ви го пренесуваме нејзиниот Фејсбук статус во целост.

Нема интелектуалец што не го сака политичкиот хумор! Во ”Фчерашни новости” раскошно го имате! Добри се, о да, многу добри! А и за мој вкус, бд софистицирано чезнеам по либертарјанскиот дух на писмото , на зборот и физикусот, па затоа и ги оживувам кога пишувам колумни или изразувам став.

Во нив, в колумниве/ ставовиве мои, ( те во мене), има се богами, критика, сатира, гротеска, решениjа, порази, победи, еротски дискурс, мисла- хермафродитна , либидо, саможалење, себехумор, грижа, совет, добра желба, желба за промена, љубов кон културниот идентитет, јазикот, лелекање, плач, солидарност…

Но, има и достоинствен презир, презир како карактерна линија кон -цинизмот , кон апокалиптичките сценариа и проекции, кон примордијалните политички и мисловни ејакулации, кон протофашистичкиот дискурс! Дури полавек ми требаше да признавам дека не е срамота што силниот збор, хумор и паметните решениа ме организираат, ме тераат да креирам, да работам , да станам подобра граѓанка и мајка, подобар лидер и професионалец!

Но, во телото на силниот збор, т.е силниот хумор навистина нема место за протофашизам и цинизам! Општествата што имаат публика за ваков наратив или вкус, се без дилема протофашистички и преплавени во сагата на цинизмот!Во принцип, овие се општества кои баснословно рециклираат сопствен пад! Бааааммммм надолу! Темнина и ладно е!

За жал, во еден од скечовите на Фчерашни новости, на тема Попис, имаше дискурс на цинизам и протофашизам! Иако гледам дека скечот го тргнале од етерот дечките и девоjчињата од Фчерашни новости, цивилизирано би било да се каже – Хеј луѓе, згрешивме, се извинуваме !
Ако не го правеле оваа досега , бараме тоа да го прават! Сигурна сум дека ке ја изгубат публиката и поддршката, почитта секако, така ти оди то!

Но таму каде што има свест за грешките, таму има и развој! Затоа, зборот Се извинуваме, навистина ОСЛОБОДУВА!

Хеј луѓе , цинизмот е производ на еманципирана лажна свест за себеси, пазете се! Лажната свест е траума која не се лечи, таа само рециклира маани!