Адел го „запали“ интернет со тенката половина па ги насмеа сите кога откри зошто ослабнала ВИДЕО

39

Британската пејачка Адел со месеци привлекува внимание со својата трансформација. Обожавателите со нетрпение го исчекуваат секое нејзино ново појавување во јавноста, па самата најава за нејзиното гостување во популарната емисија „Сабота вечер во живо“ предизвика вистински метеж на социјалните мрежи.

По шоуто, единствено за што се зборува е витата половина на пејачката, а многумина ги насмеа нејзината шега на сопствена сметка. Односно, образложението зошто изгубила толку многу килограми.

– Знам дека изгледам навистина, навистина поразлично, откако последниот пат кога ме видовте – започнала 32-годишната пејачка.

Како што вели таа, „поради сите ограничувања поврзани со ковид-19 и забрани за патување“, таа морала значително да го намали багажот и количината на работи што би ги понела на патување.

– Можев да земам само половина од себе, а ова е половината што ја избрав – заклучила Адел.

„Не ја препознав сè додека не проговори“, коментирал еден обожавател. „Изгледа како сосема друга личност! Не можам да верувам колку е тенка нејзината половина“, се согласил другиот придружник.

Адел изгуби вртоглави 45 килограми по љубовниот бродолом и разводот од Симон Конечки. Покрај тоа што се грижеше за своето ментално здравје, таа започна да тренира и се подвргнала на диета Сиртфуд, што резултираше во неверојатна трансформација.