Адеми: Села да не манипулира, помалку од 1.300 Албанци немаат државјанство, а не 7.000 или 70 илјади

98

Пратеникот од ДУИ, Арбер Адеми на прес-конферецнија во Собранието ја демантираше Алијанса за Албанците и нејзиниот лидер Зијадин Села околу бројката на Албанци кои немаат македонско државјанство и излезе со податоци од 1991 до 2021 година.

„Во периодот од 1991 до 2021 година, односно за 30 години од независноста со македонско државјанство се стекнале 43.321 Албанец, а одбиени се 3.374 барања. Во постапка за државјанство се над 2.674 барања, од кои помалку од половина, односно помалку од 1.300 се од Албанци“, изјави Адеми.

Тој пред јавноста вети дека ќе го решат ова прашања, па дури и да се работи само за едно барање. Адеми ја обвини албанската опозиција во Собранието дека манипулира со бројот на лицата кои немаат државјанство за да добие ситни политички поени.

„За неколку дена од опозицијата излегоа со дијаметрално спротивни ставови на нивните претходни ставови. Зијадин Села манипулира со албанската јавност, неговите изјави се несериозни и трагични. Со манипулација за бројот на лицата кои немаат државјанство сакаат да добијат ситни политички поени. Прво велеа дека 70 илјади немаат државјанство, па после 7 илјади или помалку лица без државјанство“, рече Адеми.

Тој ја повика повикува албанската опозиција да престане со манипулација на чувствата на Албанците и да ја игра улогата на вистинска опозиција, односно да биде коректор на власта.

Адеми додаде дека е оптимист за изнаоѓање заеднички јазик со опозицијата со што ќе им се помогне на граѓаните , бидејќи 16.000 лица се останати без плати поради блокадата на опозицијата во Собранието.