Азар: Никогаш повеќе нема да бидам истиот играч

12

Еден Азар е еден од играчите кој експлодираше во Челси и со тоа си овозможи трансфер во Реал Мадрид пред две години.

Меѓутоа Азар има доста проблеми во шпанскиот шампион, многуте повреди го спречија да влезе во ритам, да го покаже најдоброто и секако сето тоа донесе критики на негова адреса. Од друга страна пак кога е фит постојано е во составот на Белгија, па Азар се надева дека таа негова енергија во идниина ќе може да ја пренесе на клупско ниво.

-Имв три скршеници за зглобот, никогаш нема да бидам истиот играч како пред 10 години. Но, знам дека кога сум во форма, можам да се докажам на теренот и сега работам на тоа. Се обидувам да бидам лидер на теренот без оглед за кого играм, но вие можете да станете лидер само ако играте добро, а јас играм многу повеќе со репрезентацијата. Мислам дека ако играм повеќе во Реал Мадрид, можам и таму да станам лидер, -вели Азар кој се очекува да биде стартер против Финска на ЕП.