Актерката од најпознатиот хорор филм пронајдена мртва под неразјаснети околности ФОТО

17

Ѕвездата на легендарниот хорор филм „Прстен“, 40-годишната јапонскатктерка Јуко Такеучи, e пронајдена мртва во нејзиниот стан во Токио.

Полицијата започнала истрага, а според пишувањето на медиумите, оваа наградувана актерка, мајка на две деца, најверојатно извршила самоубиство.

Телото на актерката го пронашол нејзиниот сопруг, исто така актер, Таики Накабајаши, а лекарите во болницата можеле само да ја констатираат нејзината смрт, пренесуваат медиумите.

Такеучи беше позната актерка во Јапонија, а најпозната нејзина улога е во јапонскиот хорор филм „Прстен“ од 1998 година. Таа се здоби со светска популарност во 2018 година, играјќи во серијата „Мис Шерлок“ во продукција на ХБО.