Актерката со најтрагичната љубовна приказна во Холивуд го доби своето второ дете

13

Американската актерка Мишел Вилијамс (39) го роди своето второ дете, кое го доби со продуцентот Томас Кајл (42), со кого се сврши во тајност. Гордите родители на јавноста не ѝ го открија полот на детето, пишува магазинот „Пипл“.

Мишел има едно дете, ќерката Матилда (14), која ја доби со легендарниот актер Хит Леџер, кој почина во 2008 година, на 29-годишна возраст. Таа претходно истакна дека ја пронашла вистинската љубов во нејзиниот нов партнер Томас Кајл, по која трагала уште од врската со Леџер. Мишел во младоста се прослави со својот ангажман во популарната тинејџерска серија „Dawson’s Creek“, а потоа имаше неколку одлични улоги во филмовите „Манчестер покрај морето“, „Синиот Валентајн“, „Мојата недела со Мерилин“.

Мишел и Хит беа заедно од 2004 до 2007 година, кога тој почина како резултат на предозирање со лекови. Тие се запознале на снимањето на филмот „Brokeback Mountain“, се за вљубиле, почнале да се забавуваат, а потоа се родила и нивната ќерка Матилда.