Актерката Џејми Ли Кертис си доби подарок од Атиџе и тимот на „Медена земја“

38

Познатата актерка Џејми Ли Кертис синоќа се пофали на Instagram со подарокот што го добила од нашата Атиџе.

Наводно, актерката добила тегла мед од македонската пчеларка и очигледно е презадоволна од подарокот.

„Изненадување. Подарок што трае. Директно од изворот. Мед од тимот на ’Медена земја‘. Атиџе ми остави една тегла. Ветувам ’пола за мене, пола за нив‘. Во овој случај, кој е ’нив‘ за мене?

Најслаткиот подарок и длабока приказна. Ако не сте го изгледале ‘Медена земја’, инсистирам да го направите тоа“, стои во нејзината објава.

Претходно, во јануари, актерката изјави дека го изгледала филмот и на Twitter имаше само позитивни критики.

Изгледа дека светот уште долго ќе зборува за Атиџе и нејзината трогателна приказна.

Ако и вие сакате од медот на „Медена земја“, а воедно и да им помогнете на Атиџе и децата од филмот, можете да си нарачате и да направите донација.

Со нарачката ќе добиете 30 грама мед, а плаќате колку што сметате дека е потребно.

Минималните донации зависат од државата од којашто се порачува, и за Македонија сумата изнесува 500 денари.