Аларм доколку излезете од дома – апликација за граѓаните во изолација и самоизолација

10 прекршувања на решенијата за изолација и 157 на изјавите за самоизолација известуваат од Министерството за внатрешни работи.

8

Претседателот на асоцијација на коперативна безбедност за ТВ21 вели дека Македонија треба да примени информатичка алатка каде што ќе се врши надзор на луѓето кои се во изолација и карантин.

„Да обезбедиме квалитетен надзор на лицата. Затоа што овие лица кои се во карантин и во изолација тие лица не треба да ги стигматизираме а тоa ќе се постигне на начин дотолку ние обезбедиме современ цивилизациски механизам или систем на нивно надзирање. Јас би спомнал за системот на израелската компанија „Атеинтик карантин менаџмент систем“ кој овозможува на државните органи на едноставен и лесен начин да остварат надзор на сите овие лица“, вели Атанас Козарев за тв21.

Досега ваков систем по корона вирусот е аплициран во Австралија. А во тек се разговори за апликација на овој систем во 30 држави од кои и во Македонија, Босна, Хрватска и Србија. Душко Бјелотомиќ кој е иницијатор на овој систем во регионот вели дека со овој систем ќе се почитува приватноста на граѓаните.

„Таа апликација се користи преку мобилен, се превзима линк од апликацијата, се врши идентификација со помош „face recognition“ си на тој начин се поврзува со монтиторинг центарот. Тоа се прави за пола минута. Кога ќе се поврза лицето со мониториг центарот всушност лицето дава дозвола за пратење во случај на кршење правилата за самоизолација. Значи ако излезе од станот или куќата, каде што би требало да биде, се појавува аларм во мониториг центарот. По ова може да се прати полиција“, додава Душко Бјелотомиќ.

Инаку во Македонија бројот на лица кој моментално се во самоизолација изнесува 2405 а пак тие кои се во изолација 9 илјади и 793. Мерката ограничување на движењето од нејзиното воведување во земјава не го почитувале 1322 лица, констатирани се 10 прекршувања на решенијата за изолација и 157 на изјавите за самоизолација, а полицијата поднесе и кривична пријава и 25 известувања за говор на омраза порзан со Ковид 19.