Албанија: Вжештената политичка клима го фрли во втор план Извештајот на ЕК

31

Вжештената политичка клима на домашен терен, по донесувањето на на измените во Изборниот законик, без консензус во парламентот во Тирана, го стави во втор план Извештајот на Европската комисија за напредокот на Албанија на патот кон Европската Унија.

Изборната реформа конечно помина во албанскиот парламент, на ред е укинување на предизборни коалиции

Медиумите во земјата пренесоа акценти од извештајот што го презентираше еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, но до сега нема конкретни реакции.

Премиерот Еди Рама синоќа, по партиска средба, изјави дека не е запознаен со целиот текст на Извештајот.

„За волја на вистината, се уште не сум го прочитал бидејќи бев многу ангажиран цел ден со друга работа, а утре ќе го пречекам еврокомесарот Оливер Вархеји и долго ќе разговараме. Секако дека се чувствувам добро, бидејќи тоа е сосема поинаков процес од она што го сакаат да им го претстават на албанските граѓани оние што зборуваат во име на Европа“,рече Рама.

Гостувајќи во телевизиска емисија, високиот функцонер на владејачката Социјалистичка партија и координатор на пратеничката група Таулант Бала, синоќа, во врска со ова прашање рече дека повеќе од сигурено е оти „меѓувладината конференција на Северна Македонја и Албанија ќе се одржи до крајот на годинава“.

Додаде дека Владата е целосно ангажрана за формирање на Уставниот суд, кој во оваа земја не функционира три години, што е посочено и во Извештајот, пренесува МИА.

Познатиот албански аналитчар Агрон Ѓекмаркај смета дека земјата заостанува во евроитеграците и оти за „Албанија нема интеграција ниту во следните пет години“, обвинувајќи дека „тоа не го интересира премиерот Рама, кој е преокупиран со добивање трет мандат“.

Она што посебно паѓа в очи е тоа што до претпладнево нема реакција околу Извештајот од страна на опозицијата.

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, вчера, прв пат во неговиот мандат, ги презентираше редовните извештаи за реформскиот напредок на земјите од Западен Балкан и Турција. Северна Македонија, во споредба со другите земји од регионот, бележи најзначителен напредок во повеќето области на патот кон ЕУ.