Албанија денеска го одбележува Денот на независноста и Денот на знамето

41

Албанија денеска ја одбележува независноста прогласена пред 108 години во приморскиот град Валона, а денешниот 28 ноември е познат и како Ден на знамето.

Овој датум одбележа два посебни моменти во историјата на Албанија. Во 1443 година, на 28 ноември, националниот херој Ѓерѓ Кастриот Скендербег ја ослободил Круја од османлиската окупација и го развеал националното знаме на тврдината која била негово прибежиште.

На 28 ноември 1912 година, Исмаил Ќемали,кој е првиот албански премиер, го развеал знамето во Валона, прогласувајќи ја Албанија за суверена и независна држава.

Денот на незавинсоста и на албанското знаме на сите Албанци каде да се им го честиташе државниот врв.

-Да работиме и да се ангажираме секој ден за да го заштитиме нашиот свет и обединувачки симбол, гордо да се вее на овие простори, чисто и недопрено, исто како крвта пролеана за него, од најдобрите синови и ќерки на нацијата. 108 години се доволни за да се потврди зрелоста и сериозноста на една современа држава, за да се исполни без одлагање народниот стремеж и мисија започнати на 28 ноември 1912 година, од Исмаил бег Валона и наваму, а тоа е Албанија како цела Европа. Честитки за 28 ноември на Ѓерѓ Кастриот Скендербег, Исмаил Ќемали и Иса Болетини. Бог да ги благослови националното знаме и Албанците каде и да се, стои во честитката на шефот на државата Илир Мета.

На 108-годишнината од независноста на Албанија, премиерот Еди Рама ги пренесе своите честитки, цитирајќи изјава на Исмаил Ќемали: Нашето знаме, во нашата слободна татковина. Да живее знамето! Да живее Албанија”.

-Денот го почнавме заедно со Бујар Османи и Мелиза Харадинај, министерот за надворешни работи на Северна Македонија и министерката за надворешни работи на Република Косово, со огромна почит за црвено-црното знаме, длабока симпатија и целосна свесност за патувањето заедно како албанска нација и, се разбира, со најискрени честитки до секој Албанец, насекаде во светот,напиша овластениот министер за Европа и надворешни работи, Гент Чакај во честитката.

По повод 108-годишнината од независноста на Албанија, честитка упати и државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во која меѓу другото стои дека „САД стојат покрај Албанија како непоколеблив сојузник”.

Честитки упатија и амерканската амбасадорка во Тирана Јури Ким, евроамбасадорот Луиџи Сореца,како други странски дипломати и лидери на политички партии.