Албанскиот претседател Бегај не го потпиша законот за одликувања

9

Албанскиот претседател Бајрам Бегај не го потпиша законот за одликувања, што е прв закон кој тој одбива да го потпише по преземањето на функцијата на 24 јули минатата година.

Бегај образложува дека одликувањето според Уставот се надлежност на претседателот на Републиката.

– Јасно е дека во овој случај се работи за уставна надлежност на претседателот на Републиката, кој е независна уставна институција, со закон го уредува начинот на доделување одликувања и почесни титули, бидејќи јасно е која институцијата одлучува за тоа, стои во соопштението од кабинетот на Бегај.

Според Уставот, законот се враќа на повторно разгледување и доколку биде повторно изгласан за потпис на шефот на државата нема потреба и стапува во сила без негов потпис.

Донесувањето ваков закон во парламентот беше по иницијатива на владејачките Социјалисти, чиј предлог за претседател беше и Бегај.

Откако ја презеде функцијата и потпиша неколку закони, кои таа не ги поддржа во парламентот, опозицијата критикуваше дека и “институцијата претседател на државата е заробена од режимот на премиерот Еди Рама”.