Албанскиот

16

Од Назим РАШИДИ

Милан Јазбец, амбасадор на Словенија во Скопје, зборувајќи за дипломатијата, во рамките на конференцијата, „50 години од македонска дипломатија“ рече дека вредноста на Македонија е „мултиетнизмот“ и „мултикултурализмот“. Тој рече дека дипломатијата е полна со симболики, што се прави кон другите, но се изложени и на симболиките и кон дипломатите, и тој симбол, реалноста на Северна Македонија, мултикултурализмот, е вредност што треба да му се нуди на Европа. Зборот на г.Јазбец, тотално за друг контекст, само ја разбиструва сликата што ја има Северна Македонија, па дури и впечатокот што го остава и што никако да го прифати таа сама.

Се чини дека внатрешниот судир ќе продолжува да биде за тоа како ова општество го прифаќа со целата своја многу димензионалност себеси. Едната страна е дека „Македонците се на почеток и потоа сите другите“, и другиот поглед дека „сите се рамноправни во оваа држава“, погледи што доведуваат до судири. Последниот одраз за гледањето на себеси дојде од реакциите после извештајот на Венецијанската комисија за законот за албански јазик. Гледајте, мултиетничноста како вредност или проблем, кој како го гледа, своја основа ја има кај јазикот. Ако го изоставиш тој елемент, другите би биле нијанси и ќе зборуваат за далечно потекло на поединци од различни етнички групи. Меѓутоа, нашата реалност е албанскиот јазик. Тоа е реалност за Албанците. Тоа е основа на политичко дејствување. Тоа е оџакот на дејствувањето околу кој сите се собираат. Така започна активизмот, со отстранување на јазикот од училиштата, потоа забраните за јавни натписи, забраните за специфични имиња. Поттикна дејствија и активности кога се бараше образование на албански јазик, кога се бараше универзитет. Имаше и жртви. Имаше такви што излегоа на улици, се судрија со полицијата за јазикот. Тоа беше главно и постојано барање на Албанците и беше барање и при формирањето на последната влада после Груевски. Ќе прифатат двете главни македонски партии, било која да ја презема власта.

Затоа албанскиот јазик, исто така е и македонска реалност. Тие се соочиле со „другата страна“ и нивните барања за овој камен толку значаен за идентитетот на Албанецот. Реалност е дека тие се обидуваат да го сокријат, да го минимизираат, се плашат да го нарекуваат „албанскиот јазик“. Тоа е основа и за политичката битка и за тие, и е голема и силна реалност за самите Македонците, затоа што тие сами ја создадоа толку голема и силна со сета спротивност и стравот од неа што и ја дадоа.

Но, еј, тоа е реалноста. Од една страна странците ја гледаат како богатство, вредност на колорит, додека внатре се гледа како јаболко на раздорот и елемент за разделба. Меѓутоа, ако овој текст беше напишан пред неколку години, веројатно би имал некаква логика. Имавме авторитарна влада, заснована на национализам, се околу нас, од симболите до архитектурата, се однесуваше со засилувањето на еден идентитет во државата, македонскиот. Но, денеска сме под влада чие мото е „општество за сите“. Тука започнува чудењето. Треба да го кажеме отворено. Заедничко општество за сите без албанскиот јазик не може да постои.
Сега или оваа реалност не се разбира, што се сомневам. Или, што го верувам, не се прифаќа намерно за да поттикне моменти на донесување на гласови. Така, овој филм треба да завршува, ако не и завршувал. Јас навистина сакам да гледам еден македонски политички субјект кој ќе има став против албанскиот како службен јазик и може да има коалициски партнер албанска партија. Власта и албанската опозиција тоа нема да го прифатат. Тоа е реалноста.

Но, оваа реалност не треба да се гледа како заканувачки кон Македонците. Дека тенденциите ќе одат и кон овој поглед. Медѓутоа, не. Тоа не е целта. Треба да појаснам тука. Правото и практичноста се различни прашања. Правото за употреба на албанскиот јазик во судовите е прашање и секако практичноста ќе бара да предметите во судовите да завршат можно поскоро без оглед на јазикот. Кој не би го посакувал тоа? Странките? Ах да, странките. Но, кога се политичари. Како и во некои случаи кога токму политичарите бараа употреба на двојазичноста, но не да се донесува правда, туку да се одложат рочиштата. Значи, страшно е да се зема во предвид како можна злоупотреба, како аргумент, за доцнењата во судство. Извинете ме, но нашето судство еднојазично и веќе со години заостанувал.

Да, добро, во ред. Правниците ќе велат, ако има преседан, тогаш ќе треба да важи за сите, без предрасуди, затоа што се бара двојазичност, за намерните задоцнувања или правото на употреба на јазикот. Венецијанската комисија за монетите и униформите рече дека двојазичноста не е нешто без преседан. Но, како ќе се постапува во овој случај? Добро, ајде да разговараме за решавањето на употреба на јазиците во судовите, со цел правдата да не задоцнува. Но, кај монетите кога ќе ја гледаме двојазичноста?

Ќе разјаснам уште еднаш, дека не станува збор за капризност, ниту за инает, ниту за ароганција, а ниту за тенденција или национализам кон Македонците. На една вечера со блиски пријатели, каде поради блискоста има и високи тонови, сите се согласивме дека нашите деца треба секако да го знаат и македонскиот. Дека нема дилема дека некој ќе функционира, ќе расте и ќе постигнува успех тука, треба да го знае и македонскиот. Никој од нас не зборуваше за сегрегација или јазично владеење. Бидејќи овие аргументи не се слушаат и од Македонците. Или дел од нив, особено политиката, барањата за албанскиот ги гледа како реалност, туку и ги користи како можност за поттикнување на внатрешните национализми, за неколку гласови повеќе. Но, тоа треба да се истакнува. Зборувам за постојните реалности. Проблем е ако Албанците нема да го знаат македонскиот и ќе биде многу проблем ако албанскиот јазик се ограничува. И тоа е многу јасна реалност. Од друга страна, оваа повторно вратена дебата за албанскиот и треба да ги разбиструва и тие Албанци, кои за неколку гласови повеќе се обидуваат да не туркаат во бескрајните сокаци. Ја гледате? Никој не зборува на кој јазик ќе проповедува оџата во џамија. Туку, дали ќе се зборува албанскиот и колку ќе се зборува албанскиот во институциите? Тука секогаш бил проблемот. Дека државата е заеднички простор каде се гледа рамноправноста. Треба да биде една научена лекција. Но, во ред …,нека бидеме едно повторување.

И сосема на крајот. Видов коментар за фотографијата на премиерот Зоран Заев со другите лидери на НАТО на Самитот во Лондон, велејќи дека тоа е трета историска фотографија на Северна Македонија што покажува голема историска промена за земјата. Првата, веројатно таа од независноста, втората е Охридскиот договор. Но, треба да има и четврта. Дека, страницата со политичка инфантилност да се надмине еднаш засекогаш. Таа на затворањето на дебатата за албанскиот јазик. Треба да се затвора за Албанците да се ослободат од барањата на права и да се фокусираат кај развојот. Исто така да се затвора за Македонците да престанат со дебатите за доминација и поттикнување на стравувања од губењето на идентитетот и тие да се фокусираат на развојот. Да се затвори дека на политиката да му се одзема дебата што им е лесна да се направи кога се зборуваат за емоции и потоа да се сметаат за одговорни за неуспесите и поразите. И уште повеќе тоа треба да го направи оваа влада, левичарска,која вели дека е за едно општество за сите, и што има толку многу Албанци внатре, како со албански партии, така и кај социјалдемократите. Ќе требаше да биде толку лесно и нема да може подобро дека тие да им ја објаснат реалноста на своите македонски сопартијци, да ја завршат дебатата за албанскиот јазик еднаш засекогаш, ако можат го знаат, се разбира.

П.С. ЗА ДРУГИТЕ ЦИНИЦИ

Битката продолжува … и не треба да имаат илузија тие кои мислат дека критиката кон власта престанува кога ќе се случува промена на власта. Всушност, тие се сами, поврзани со власта и интересите и се го гледаат под призмата на „ние“ и „тие“. Битката за подобра и по одговорна власт е константа. Констатирањето дека „си ги критикувал другите да доаѓаат„ овие “и зошто сега ги критикуваш„ овие “ што влијаеше да дојдат на власт?“, е голема наивност. Секое владеење ги има своите фази, падовите и подемите. Сите сме сведоци, прашањето е дали имаш толку независност да ги гледаш фазите и да зборуваш слободно за твоите убедувања, но не и со очилата за навивачот. И нормално да критикуваш. Дека е сизифска битка за што подобро владеење. Другите си замина, другите ќе бегаат, но ќе останува критика, посакувам и искрена, за одговорност, напредок и развој.

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)