Албански државјанин баран од Интерпол приведен на Блаце

5

Државјанин на Република Албанија, баран со потерница од Интерпол, вчера попладне е приведен на граничниот премин „Долно Блаце“.

Како што се наведува во полицискиот извештај:

На 02.09.2020 во 17.10 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, при пасошка контрола било констатирано дека Х.Л.(29) од Р.Албанија се наоѓа на листата со мерка апси по барање на Интерпол од Швајцарија. Тој бил лишен од слобода и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.