Алегри: Не сум во преговори за раскин на договорот со Јувентус

5

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри го сподели своето мислење за неговата иднина во клубот.

– Не преговарам за раскинување на договорот со Јувентус. На располагање сум за клубот, сега се подготвува трансфер план за летото, изјави Алегри.

Јувентус ја заврши сезоната на седмото место во Серија А со 62 бода. На „Старата дама“ и беа одземени 10 бода поради финансиска малверзација.

Последен пат тимот падна под 4. позиција во сезоната 2010/11, а оттогаш девет пати по ред го освојуваше италијанското првенство.