Алексис си ја отвори душата и призна неверојатно нешто: Сакав да си одам од Манчестер по првиот тренинг

14

Едно од најнеуспешните засилувања во историјата на Манчестер Јунајтед дефинитивно е Алексис Санчез.

Чилеанецот дојде како големо засилување од редовите на Арсенал, но на „Олд Трафорд“ не покажа ништо па од оваа сезона направи трансфер во редовите на Интер.

Сега самиот фудбалер истакна дека уште по првиот тренинг во клубот знаел дека работите не функционираат добро и веднаш побарал од неговиот агент ако е можно да се врати во Арсенал.

– Го паметам мојот прв тренинг на кој заклучив многу работи. По тренингот заминав дома и им кажав на моето семејство и на мојот агент дека ако е можно би сакал да се вратам веднаш во Арсенал.

– Тие се насмевнаа. Им кажав дека нешто не е во ред, не изгледаше добро. Но веќе имав потпишано и бев таму.

– По првите неколку месеци го имав истото чувство, не бевме обединети како тим во тој момент.

– Ја прифатив можноста да одам во Јунајтед, тоа ми беше предизвик и беше нешто добро за мене. Го сакав овој клуб многу кога бев мал. Јас го потпишав договорот, но не побарав информации за тоа што се случува во клубот.

– Некогаш има работи кои не може да ги видите додека не одите таму, а јас се сеќавам дека на првиот тренинг сфатив многу од тие работи, -заклучи Санчез.