Алијанса за Албанците бара оставка од Владата

65

Градоначалникот на Општина Гостивар, Арбен Таравари преку социјалните мрежи повика Владата да си поднесе оставка по вчерашниот пожар во модуларната болница во Тетово.

Според последните официјални информации во пожарот во модуларната ковид болница животот го загубија 14 лица. Обвинителството информира дека се работи на идентификација на починатите, но се истражува и дали има и други починати лица.