Али Ахмети до Вашингтон и Брисел: Балканот е Европа

10

На главнaта панел дискусија на Преспанскиот Форум за Дијалог, претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети одржа говор на кој присуствуваа високи личности од светската дипломатија, се наведува во партиското соопштение.

„Бидејќи го имам покрај себе амбасадорот Рикер, го почнувам говорот со него. Еден момент ми остави голем впечаток бидејќи Рикер беше максимално ангажиран како амбасадор на САД за решавање на овој проблем. Не успеавме да ги крунисаме нашите напори и во меѓувреме Рикер се назначи за заменик Државен Секретар. Една посета во САД беше организирана по барање на двете страни. Моја слабост е што никако не можам да се навикнам да патувам со авион”, рече Ахмети на почетокот на својот говор.

Според него, тој отсекогаш имал храброст да ги реши проблемите во земјата и за ова наишол на поддршка низ сите центри на светската дипломатија.

„Амбасадорот Рикер понатаму им рече на сите функционери дека Али има голема мака штом дошол со авион. Нашата мака беше што нашата земја имаше голем проблем затоа што голем ветер доаѓаше од Средниот Исток, од Блискиот Исток, со брошури и со организирани настани. Дел од нашата мака

беше што земјата беше поделена, дел бараше интеграција бидејќи така се зајакнува мирот и убедувањето за иднината и тоа ме охрабри, па за еден момент тоа направи да ја заборавам тагата, бидејќи таму наидов на огромна поддршка за решавање на проблемите, но и големо пријателство и им реков на нив дека она што сте го разговарале со нас разговарајте го и со нашите партнери. Посетите ги продолжив во Берлин и сите скандинавски земји со најдобра намера да изградиме мир. Тоа беше постигнато и требаше

да се направи, ја поздравувам храброста на Заев и Ципрас што ставија крај на отвореното прашање и денес мојата земја и на Заев е членка на НАТО “, потенцираше понатаму Ахмети во својот говор.

Лидерот на ДУИ, Ахмети, понатаму рече дека Договорот од Преспа е големо достигнување и целиот Балкан е Европа.

„Овој договор го зајакна мирот, стабилноста, ги зајакна и меѓуетничките односи. Ова е големо и историско достигнување, историја направија Германија и Франција кои склучија примирје и ние треба да го земеме тоа како модел овде во регионот на Западен Балкан. Не беше лесно, но требаше храброст и ние да го сториме тоа и да го поставиме како стандард за идните генерации,бидејќи со вековно непријателство не може да се направи ништо. Потребен ни е интегриран регион, затоа што така треба да се движиме напред, така треба да функционираат нашите држави. Се сретнав и со Лајчак и го замолив да ја затвори црната дупка во Европа. Целиот Балкан е Европа, татковината на нашите предци е Европа”, рече на крајот од својот говор претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Демократска Унија за Интеграција