Али Ахмети: Слободните избори се одраз на нивото на демократија во државата

8

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети денес гласаше во неговото родно место во кичевското село Зајас.

 

По гласањето Ахмети им порача на граѓаните да излезат на гласање затоа што тоа е чекор напред кон иднината и воедно да се помогне со вредностите за градењето на државата.

„Процесот се одвива многу добро од сите изјави што ги видов и слушнав и посакувам до крајот, како што почна, да бидат затворени и гласачките места. Ова е култура, семеен и државен празник на кој се демонстрираат вистинските демократски вредности. Ние сме земја на прагот на почеток на преговорите со ЕУ и овој изборен процес секако помага за вредностите што ги градиме како држава. На крајот од процесот, им посакувам на сите страни со мудрост и разум да ги прифатат резултатите и потоа да работиме напорно во исполнувањето на нашите обврски, како во однос на исполнувањето на нашите обврски кон европските процеси, така и кон животниот стандард на граѓаните. Да има повеќе придонесувачи и дијалог и компромис меѓу партиите затоа што тоа е важен процес, така што јас ќе бидам еден од соработниците што ќе апелирам ова да се постигне бидејќи ова достигнување е во корист на сите“, рече претседателот на ДУИ Ахмети.

Инаку, денеска во Република Македонија се одржува вториот круг од локалните избори, на кои ДУИ настапува во 14 општини.

Со почит,

Демократската Унија за Интергација