Ало?! „Може да имаме услови за нормален прес?“, праша Димитров пред шведската министерка! (ВИДЕО)

5

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров ги „искара“ вработените во зградата на МНР бидејќи тропаа и разговараа гласно за време на прес конференцијата со шведската министерка за надворешни работи, Ан Линде, пренесува тв21. По завршувањето на прес конференцијата и заминувањето на Линде, Димитров праша што се случуваше, по што службите одговорија дека мајстори работат, а друга вработена додаде дека не биле мајстори туку вработени.

Еден од задолжените за организирање на прес конференцијата рече: „Ова ни е втор кикс!“

Видеото можете да го погледнете тука.

Содржината и видеото се превземени од тв21.