Алтернатива, Беса и Алијанса за Албанците бараат уставни промени за албанскиот јазик

5

По заклучоците на Венецијанската комисија реагираа албанските политички партии Алијансата за Албанците, Движењето Беса и Алтернатива. Тие имаат единствен став, односно дека Албанците не се малцинство и оти албанскиот јаизк треба повторно уставно да се регулира. Алијансата за Албанците смета дека од Венецијанската комисија не требало да се бара мислење за целиот закон, туку само за одредбите кои ја регулираат употребата на албанскиот на банкнотите и во војската.

„Првин, законот не требаше воопшто да се испрати затоа што е во согласност со Уставот на РСМ, иако Владата го испрати за да добие препорака од Венецијанската комисија, туку требаше да го испрати само за две прашања. Сега доаѓаат препораки за употреба на јазикот на малцинствата во Европската унија што не е во ред. Ние Албанците не сме малцинство тука, туку сме конститутивна заедница, над 25 %. Како Алијанса за Албанците инсистираме да се извршат уставни измени и албанскиот јазик да биде службен јазик, а не јазик на 20-тте проценти“, рече Арбен Таравари, Алијанса за Албанците.

Од движењето Беса констатираат дека не треба да се создаде впечаток оти Законот за јазиците им дава на Албанците нешто повеќе од тоа што им следува. Лидерот на Беса смета дека е реално албанскиот да се регулира со Устав и оти ќе се ангажира да ги обедини сите албански партии за реализирање на ова цел.