Ал Келаифи таинствено се насмеал за Меси: Не можам сега да зборувам за тоа!

19

Француското радио Монте Карло (РМЦ) синоќа објави бомба дека Лионел Меси на лето ќе дојде во Пари Сен Жермен како слободен играч од Барселона и дека повторно ќе заигра во тандем со Нејмар.

После ваквата информација, РМЦ успеала да го исконтактира првиот човек на парижаните, Насер Ал Келаифи, околу трансферот на Меси.

„Не можам сега да зборувам за тоа!“, им одговорил Ал Келаифи, кој во исто време таинствено се насмеал, доволно за Французите да им ги отвори сомнежите дека веќе се работи зад кулисите на тој трансфер.

Според други француски медиуми, Бразилецот Нејмар е вклучен во операцијата за ангажман на Меси и тој треба да го убеди Аргентинецот да се пресели во Париз. Меси ја игра последната година од својот договор со Барселона, а летоска побара да си замине, но тој обид беше неуспешен, а се поврзуваше со трансфер во Манчестер сити.