Амбасадата на САД во БиХ ја поздрави пресудата за Станишиќ и Симатовиќ

0

Амбасадата на САД во БиХ ја поздрави денешната пресуда на Меѓународниот механизам за кривични судови во случајот против Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ-Френки, поранешни лидери на Службата за државна безбедност на Србија.

Од Амбасадата истакнаа дека таа пресуда е важен чекор кон утврдување на одговорноста на секој поединец.

– Ова е клучен чекор кон одговарање на поединците одговорни за огромното страдање на народот на Босна и Херцеговина. Се надеваме дека тоа може да обезбеди чувство на правда и мир на жртвите и нивните семејства, се наведува во соопштението од Амбасадата на САД во Сараево.

Резидуалниот механизам на Меѓународниот кривичен суд во Хаг ја промени првостепената пресуда против Станишиќ и Симатовиќ и ги прогласи за виновни за злосторства во седум општини во БиХ, вклучително и здружен злосторнички потфат.

Станишиќ и Симатовиќ беа осудени на по 15 години затвор, а со првостепената пресуда беа осудени на 12 години затвор и тоа само за делата во Босански Шамац.

Со изречена правосилна пресуда за 72-годишниот Станишиќ и 73-годишниот Симатовиќ-Френки, поранешни раководители на Службата за државна безбедност (СДБ) на Србија, беше ставен крај на најдолгиот судскиот процес што траеше речиси 20 години.

По две судења, првичните и повторените, тие беа законски осудени на по 15 години затвор за злосторства против несрпското население извршени за време на војните во Хрватска и во БиХ во 90-тите години од минатиот век.