Американската војска се повлекува од Авганистан

19

Американската војска соопшти дека го почнала повлекувањето од Авганистан предвидено со мировната спогодба потпишана со талибанците. САД треба да го намалат бројот на војници на 8.600 во рок од 135 денови. Досега во Авганистан имаше 13.000 американски војници.

Американските сили во Авганистан ги задржуваат сите потребни воени средства за операциите против екстремистите на Ал Каида и групата Исламска држава. Нивното повлекување се спроведува во време на политички хаос во Кабул кој се заканува да ја наруши спогодбата со талибанците. Двајцата ривалски лидери Ашраф Гани и Абдулах Абдулах одржаа одвоени церемонии на полагање заклетва за претседател на Авганистан.