Американски експерти сметаат дека од коронавирус може да се заразат десет пати повеќе луѓе

47

Според проценките на експертите од американската администрација, повеќе од 20 милиони Американци се или би можеле да бидат заразени со коронавирусот.

Тоа е 10 пати повеќе од бројот што официјално е регистриран, пишува лондонски „Гардијан“.

Новите откритија упатуваат на заклучок дека голем број луѓе имале или имаат Ковид-19, но без видливи симптоми, соопшти Националниот центар за контрола и превенција на болести, врз основа на резултатите од серолошки тестови кои утврдуваат присуство на антитела на коронавирусот.

Доколку истражувањето се покаже како точно, процентот на смртни случаи од Ковид-19 во САД ќе биде помал отколку што се мислеше.

Од прогласувањето на пандемијата на 11 март, во Америка починале над 120 илјади луѓе.

Само во изминатите 24 часа во САД се пријавени 34.500 случаи на коронавирус, што е нешто помалку од најголемата забележана дневна бројка на 24 април од 36.400, покажуваат податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“.