Американски научници ја тестираа вакцината Синофарм: Потврдена е!

17

Две вакцини од кинеската компанија Синофарм се безбедни и ефикасни против ковид 19, покажува студијата објавена во медицинското списание на Американското здружение на лекари.

Научниците чекаа повеќе детали за овие две вакцини, иако тие веќе се користат во многу земји, а една неодамна доби поддршка од Светската здравствена организација за итна употреба, објави АП.

Извештајот објавен во магазинот на Американското лекарско здружение заклучува дека вакцините се ефикасни околу 73 проценти, или 78 проценти, како што претходно тврдеше и Синофарм.

Истражувачите од Синофарм и нејзините локални партнери на Блискиот исток наведуваат дека во истражувањето учествувале околу 40.380 учесници.

Користени се две вакцини на Синофарм, едната што ја разви Институтот во Вухан, другата развиена од Институтот во Пекинг и плацебо.

Анкетата е спроведена во четири земји – Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Јордан, сепак, студијата презентираше податоци само за Бахреин и ОАЕ.