Американски разузнавачи: Русите повторно се вмешуваат во изборите за да му помогнат на Трамп

3

Американските разузнавачки служби предупредуваат дека Русија се обидува да се вмеша во изборите во САД, за Доналд Трамп повторно да биде избран за претседател на земјата, јавуваат американските медиуми, а пренесе српски „Телеграф“.

Изворите ја споделија оваа информација со медиумите по состанокот во Белата куќа со разунавачкиот одбор.

Трамп наводно бил бесен, зборувајќи дека демократите таа информација ќе искористат против него во кампањата.

„Њујорк тајмс“ јавува дека Трамп бил особено незадоволен, бидејќи на тој состанок бил човекот кој го водеше процесот за отповикување на претседателот, Адам Шиф.

За време на состанокот, поддржувачите на Трамп тврделе дека тој е остар кон Русија и дека тоа резултирало со подобра безбедносна поврзаност со ЕУ, јавува „Тајмс“.

Трамп пак минатата недела го замени директорот на националните служби. На тоа место сега се најде амбасадорот на САД во Германија, човекот од доверба на претседателот, Ричард Гренел.

Двајца службеници на Трамп за „Тајмс“ рекоа дека случајоност е тоа што директорот на националните разузнавачки служби е заменет толку кратко по овој состанок.

Во меѓувреме, разузнавачите порачуваат дека Русите се вмешале и во изборите во 2016 година, за да предизвикаат хаос во изборниот процес.