Америка повторно на нозе – Уште еден Афроамериканец убиен при апсење: (ФОТО+ВИДЕО)

19

Америка е повторно на нозе. Само 15 километри од местото каде што беше убиен Џорџ Флојд, полицијата вчера повторно уби момче од афроамериканско потекло.

Тој, како што пренесува Ројтерс, бил сопрен поради прекршок во возење, но интервенцијата на полицијата завршила со негово убиство. Во тек се протести пред зградата на полицијата во Минеаполис.

Гневните демонстранти се судрија со полицијата, која била приморана да употреби гумени куршуми и солзавец.

Демонстрантите извикувале „Правда за Џорџ Флојд“ и оштетиле две полициски возила.

Момчето е идентификувано како Донти Рајт, а имал само 20 години.

Во претходно соопштение на полицијата е наведено дека младиот Донти Рајт бил рутински сопрел додека управувал автомобил, и за време на проверката било утврдено дека по него е распишана потерница и тој, по обидот за апсење, седнал во својот автомобил обидувајќи се да избега, кога еден од полицајците пукал во него.

Момчето сепак избегало, но во близина на местото на инцидентот удрил во друг автомобил и умрел, пренесува Ројтерс.

Протестите поради полициското насилство врз Афроамериканците не престануваат, а нивна кулминација беше убиството на Флојд во Минеаполис, кое се случи на 15-тина километри од најновото полициско убиство.

Флојд беше практично задушен при апсењето, кога полицаец клечеше со колено на неговиот врат и го задуши. Во тек е судскиот процес против полицаецот Дерек Човин кој го уби Флојд.