АМСМ: Внимателно со возилата, коловозите се влажни

69

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози и со умерен интензитет надвор од градските средини. Од Автомото Сојузот на Македонија (АМСМ) препорачуваат прилагодување на брзината на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата.

Тоа особено важи за возење низ клисурите каде има можност за појава на одрони и тоа на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. На граничните премини од македонска страна, според АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.