Ангела Меркел за ситуацијата на Блискиот исток: Европа не може да ги реши сите судири во светот

3

Германската канцеларка Ангела Меркел изјавила дека Европа не може да ги реши сите конфликти на светот, посебно ако се комплексни како на Блискиот исток.

Нејзината изјава доаѓа во време на судири меѓу Израел и Хамас, кои започнале на 10-ти мај и насред напорите да се постигне примирје меѓу завојуваните страни.

Меркел ги спомнала обидите на Европската унија да го реши судирот во граѓанската војна во Либија, нагласувајќи дека мировниот процес бил поуспешен откако го преземале Обединетите Нации, пренесува “Sputnik”.

Зборувајќи за судирите меѓу Израел и Хамас, таа рекла дека Германија го поддржува правото на Израел да се брани и нагласила дека Берлин “масовната акција” на израелската војска ја гледа како “исправна” работа.

Германската канцеларка, меѓутоа, не верува дека тоа ќе помогне во постигнување на траен мир во регионот.

“Од друга страна, сакаме да придонесеме со дипломатски обиди да се обезбеди долгорочно стабилна ситуација во регионот”, додала таа.