Ангела повторно е осудена на 19 години затвор за убиството на Пино

2

Дваесет и двегодишната Ангела Ѓоргиевска повторно е осудена на казна затвор од 19 години, откако претходно Апелација ја укина првостепената пресуда според која обвинетата ја доби истата казна. На Ѓоргиевска и се судеше за соизвршителство, а првообвинет е Али Фуркан кој е во бегство.

Ѓорѓиевска беше осудена во јули 2020 година, за помагање во извршување на убиството кое според доказите го сторил Али Фуркан кој е во бегство.

Според обвинението, тој со пушка го застрелал во главата Пино во присуство на Ангела која помогнала безживотното тело да го внесат во кола, а подоцна и да го закопаат во атарот на Љуботен.

Судијата при изрекување на пресудата истакна дека во одредување на казната биле земени предвид олеснителните и отежителни околности кои надвладеале бидејќи обвинетата Ангела Ѓорѓиевска во текот на судењето никогаш не покажала каење.

Пино со месеци се водеше како исчезнат, а потоа случаен минувач најде остатоци од неговото тело.