Ангела Ѓорѓиевска осудена на 19 години затвор за убиството на Пино

8

Скопјанката Ангела Ѓорѓиевска денеска од Кривичниот суд е осудена на 19 години затвор за нејзина вмешаност во убиството на 26-годишниот Пинета Секондо – Пино. Според судската пресуда, таа е виновна со тоа што помогнала во извршување на убиството кое според доказите го извршил Али Фуркан кој уште е во бегство.

Токму Фуркан пукал со пушка кон Пино, застрелувајќи го во главцата, а Ѓорѓиевска му помогнала на убиецот телото на жртвата да го внесат во кола и да го закопаат во дупка во атарот на скопското село Љуботен. Убиството се случи во 2018 година, а неговото тело беше пронајдено во април 2019 година, кај местото наречено Башинец, во атарот на селото Љуботен.