Ангеловска демантира дека имала инсајдерски информации за пропаѓањето на Еуростандард банката

6

Министерката за финансии Нина Ангеловска демантира дека имала инсајдерски информации за пропаѓањето на Еуростандард банката кога го повлекла својот депозит од банката. Ги негира сумите на нејзиниот депозит како што ги објавија некои медиуми, иако не наведува колку пари повлекла.

ВЕЛИ И ДЕКА ПОЛОВИНА ОД НЕЈЗИНИТЕ СРЕДСТВА МИНАТАТА ГОДИНА ГИ ПРЕФРЛИЛА ВО ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНД, А ОСТАТОКОТ НЕ ГО ПРЕФРЛИЛА ВО ДРУГИ БАНКИ НИТУ ГО ПОВЛЕКЛА ПОРАДИ СИТУАЦИЈАТА НА БАНКАТА.

„Вистината е дека пред стапување на функцијата министер за финансии, овие мои лични средства, заработени пред да станам министер и уредно пријавени, беа наменети за бизнис инвестиции, а по стапувањето на функцијата, откако моите деловни активности ги ставив во втор план, дел од овие средства одлучив да ги искористам да го решам станбеното прашање, односно да купам сопствен стан со оглед на тоа што живеев под кирија“, објаснува Ангеловска.

Министерката повторува и дека станот уредно го пријавила во Антикорупциска комисија.