Ангеловски: МВР не ги казнува возачите за да го полни буџетот

6

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски денеска гостуваше во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ говореше за безбедноста на патиштата во Македонија.

Како што вели тој, истата се подобрува а опаѓа и вкупната бројка на сообраќајни незгоди.

„Не можеме да кажеме дека можеме да бидеме задоволни од ваквите бројки, затоа што и една жртва на патиштата е голема бројка. За да се намалат овие бројки, МВР се обидува колку може повеќе да влијае преку превентивни акции. Ние не ги казнуваме возачите да го полниме буџетот. Тие пари нема да го нахранат буџетот. Казните се да се санкционира сторителот и да се влијае врз неговата свест“, истакна Ангеловски.