Ангелов: Мигрантите што влегуваат во земјава не се само безбедносен, туку и здравствен ризик

22

В.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов вели дека земјата во моментов се соочува со две кризни состојби, од кои втората не е на цела територија, како што е овваа поиврзана со ковид-19, туку е на само на северната и јужната граница и е поврзана со мигрантите.

Притоа, за мигрантската криза вели дека е дополнително комплицирана од пандемијата, бидејќи тие кои влегуваат и излегуваат од земјава ја шират заразата.

„Вторава кризна состојба не е на целата територија, туку само на јужната и северната граница и е поврзана со влезот и транспортот на мигрантите низ нашата земја. Мигрантите, покрај безбедносниот ризик, внесуваат и зараза. Имаме информации дека во одредени кампови е силно раширен ковид-19 зашто тие таму немаат никакви услови, посебно не хигиенски, а да не зборуваме за дистанца. Натрупани се особено во некои кампови во Грција каде бројката е повеќекратно поголема од дозволената и нивнито трансфер, влез и движење низ земјава може негативно да се одрази освен безбедносно и во однос на ширењето на ковид“, рече Ангелов во интервју за ТВ 24.
На прашањето дали има притисок на јужната граница, в.д. директорот на ЦУК не одговори, со образложение дека тоа е надвор од она што смее да го каже во јавноста.