Анкета: Бугарите во паника – ќе нѐ нападнат и нас

13

Две третини од Бугарите стравуваат дека Москва ќе изврши напад на објекти во Бугарија, додека повеќе од половината се плашат дека Русија може да ги окупира.

Како што покажа инстражувањето направено во таа земја, од употреба на нуклеарно оружје се плашат тројца од четворица Бугари. Се работи за истражување кое агенцијата ESTAT го спроведе за Фондацијата Работилница за граѓански иницијативи.

Дека Русија да може да ја окупира Бугарија стравуваат 54 отсто од испитаниците, а 62 отсто смета дека може да изврши ракетни или бомбашки напади на нејзината територија.

Тоа може да биде објаснување зошто земјата не ја заостри политиката кон Москва и зошто општеството се обидува да има понеутрален став кон војната во Украина, пишува ЕУРАКТИВ.

Половината од испитаниците рекле дека очекуваат НАТО да ѝ помогне во случај на напад, но само 41 отсто од нив го поддржуваат членството на Бугарија во таа воена алијанса, додека третина се изјасниле против.

Истражувањето покажува дека само 10 отсто Бугари ја познаваат историјата на бугарско-руските односи, додека 80 отсо не се сигурни во своето знаење, што прави плодно тло за руската пропаганда и извртување на историските факти.

Бугарската дежава е формирана по Руско-турската војна 1877-1878, но властите во Софија останале вазали на османлискиот султан и по војната, за на почетокот на 20 век да прогласи независност.

Повеќето Бугари (61 отсто) не знаат дека Русија се противела на обединувањето на бугарските територии 1885 година, а 42 отсто се убедени дека СССР не прогласил војна на Бугарија во Втората светска војна.