Анкета на БИПС: ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 54, а СДСМ – 47 мандати

589

Институтот БИПС (за истражување во областа на безбедноста и демократизацијата на човековите права и слободи) кој се занимава со анализи и истражувања за сопствени потреби направи анкета на јавното мислење.

Анкетата е спроведена телефонски во период од 29.06.2020 – 03.07.2020 врз 1.323 испитаници при што е водено сметка за демографската структура и етничката припадност. При анализата опфатени се сите изборни единици.

На прашањето „За која партија би гласале, на изборите што ќе се одржат на 15 јули?“ за СДСМ и Коалицијата + БЕСА одговориле 20.4% од испитаниците, а за ВМРО-ДПМНЕ 24.3%.

Според анкетата, за ДУИ би гласале 4.2%, а за Алијанса за Албанците 3.1% од испитаниците.

Изразено по изборни единици и број на мандати: СДСМ-БЕСА би освоиле 47, а ВМРО-ДПМНЕ 54 пратенички мандати. Според анкетата, ДУИ ќе освои 11 мандати, а АА вкупно 8.