Анкета: Нова демократија во предност од 6,9 отсто пред СИРИЗА

63

 

Грчката владејачка партија Нова демократија со 6,9 отсто е во предност пред опозициската СИРИЗА, согласно резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Alco“ за грчката телевизија „Алфа“, објавија медиумите во Грција.

Поконкрето, НД добива 31 процент, СИРИЗА 24,1 отсто, а потоа следат ПАСОК-Движење на промена, Комунистичката партија, Грчко решение и МЕРА25.

На прашањето кој е основниот критериум врз кој ќе одберат за која партијаќе гласаат, 28 отсто од анкетираните рекле дека е економијата.