„Анонимуси“ со нова порака до Вучиќ: Еј, кукло на Путин, каде си?

23

 

Меѓународната хакерска група „Анонимуси“ испрати нова порака до српскиот претседател Александар Вучиќ нарекувајќи го „куклата на Путин“.

Тие ја информираа јавноста дека се многу ангажирани и дека собрале имејл-адреси на стотици службеници од разни министерства.

Својата порака ја завршија со прашање упатено до Вучиќ: „Еј, кукло на Путин, каде си? Уште со кучињата?!“, пишува „Нова.рс“.

Медиумите потсетуваат дека истата група пред неколку дена на еден од профилите на „Твитер“ тврдеше дека ги нападнале веб-страницата на војската на Србија и веб-страницата vucic.rs.

„Фашисто Александар, не губи време со твоите кучиња. Вашата војска сега не може да лае. Не потценувајте ги „анонимусите“, напишале на тој профил.

Пораката, како што пренесува медиумот, дојде по објавата на „Инстаграм“ на претседателот на Србија, кој објави фотографија на која си игра со кучиња и напиша: „Се подготвуваме да се бориме против ‘Анонимуси’“.