АНСА: Папата Франциск на преглед во болницата Гемели во Рим

6

Папата Франциск денеска отишол на преглед во болницата Гемели во Рим, јави италијанската новинска агенција АНСА, повикувајќи се на извори запознаени со случајот.

Од Ватикан засега нема информации за потврда на веста на агенцијата.

На почетокот на годината папата мина пет дена во болница поради инфекција на белите дробови, а минатиот месец ја прескокна неколку аудиенции поради треска.