Антикорупциска: Тупанчевски, Фетаи и Нанев сами да кажат кој им платил патување во Палермо

2

Министерот за правда Никола Тупанчевски, вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи и претседателот на Основниот суд – Кавадарци Лазар Нанев вчера беа на трибините на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо и оттаму го следеа мечот помеѓу Македонија и Италија.

Претседателката на Антикорупциска, Билјана Ивановска за САКАМДАКАЖАМ.МК информира дека со оглед на тоа што станува збор за избрани и именувани лица тие самите треба да си кажат кој им ги платил трошоците за следење на македонската фудбалска репрезентација во Италија.

– Доколку службените лица не патувале во рамки на своите службени должности, сами нека си објават кој им ги подмирил трошоците за патување, вели Ивановска.