Анти-ковид мерки во В. Британија: Забрана за продажба на алкохол во Парламентот, карантин за сите кои доаѓаат од Италија

8

Продажбата на алкохол во британскиот Парламент ќе биде забранета како дел од новите мерки против коронавирусот што ќе стапат на сила во државата од утре. Од сабота повеќе нема да може да се купуваат алкохолни пијалоци во локалите на Долниот дом, објави неговиот претседател Линдзи Хојл. Тој потсети дека пабовите во голем број области ќе бидат затворени и во коментар на ситуацијата рече оти е правилно и пратениците да не можат да купуваат алкохол.

Велика Британија, во меѓувреме, воведе двонеделен карантин за патниците кои пристигнуваат од Италија. Мерката, која ќе стапи на сила од недела, и ќе се однесува и на патниците од Ватикан и од Сан Марино. За оние кои нема да го почитуваат карантинот, се предвидени казни до 10.000 фунти (11.000 евра).

Британија е најпогодена земја со коронавирусот во Европа, со над 43.000 смртни случаи, пред Италија која досега забележа преку 36.000 починати лица.