Антониа Гиговска: „Со денови спијам кај Дарко во студио!“

116

Младата и талентирана пејачка Антониа Гиговска деновиве ја промовираше новата песна „Крива сум„ која што е авторско дело на Дарко Димитров.

Гиговска и Дарко соработуваат откако се запознаа на Евровизија, каде и двајцата беа дел од тимот на Тамара Тодевска, Дарко како композитор, а Антониа како пратечки вокал.

Од тогаш Антониа буквално спие кај Дарко во студио, а ги снима и бек вокалите за сите српски изведувачи со кои работи Дарко, како што се Ана Николиќ, Луна Ѓогани, Лејла Рамковска…

Деновиве, во интервју за „Бекстејџ“, Антониа зборуваше за новата песна, соработката со Димитров, а играше и „Музичка опструкција“.