Антонио Милошоски: Ова е единствената вистина за моето државјанство!

4

-Фантом ваксајнс, фантом пасоши, тоа е мојот краток коментар по повод списокот на вицепремиерот на Бугарија и министер за одбрана Красимир Каракачанов, за ,,Фокус” изјави Антонио Милошоски.

На списокот објавен од страна на Каракачанов се наоѓаат имиња какви што имаат високи функционери од ВМРО ДПМНЕ, а кои биле запишани како бугарски државјани на избирачките списоци, а помеѓу нив е и името на Милошоски.
И од ВМРО ДПМНЕ излегоа со демант во кој тврдат дека ниту еден од посочените функционери на партијата нема бугарски пасош.

На нашето прашање до Милошоски, зошто со години наназад се ,,врти” приказната за негово бугарско државјанство, доколку тој навистина нема бугарски пасош, тој потсетува дека темелен одговор на прашањето дал уште во декември 2020 година, во ТВ емисија, кога пред јавноста појаснил дека има единствено македонско државјанство.

-Ако се сеќавате во 2015 година, имаше случај со господинот Чауш, таканаречен по прекар, кој е пријател на господинот Заев. Се откри во една куќа како имаат одредени апаратури за произведување на фалсификувани лични карти и пасоши. Тогаш мислам СДСМ имаше обиди да ,,штанца” за некои политичари од ВМРО ДПМНЕ двојни пасоши од некои држави кои ги ставаат во негативен контекст. Секој политичар треба јавно да обзнани дали има или нема двојно државјанство, што се однесува до мене, задоволен сум што и досега го имам само македонското државјанство – е изјавата на Милошоски по повод двојното државјанство дадена на 21-ви декември лани во посочената ТВ емисија.