Анчелоти: Ерата на Роналдо и Ибрахимовиќ привршува, Меси и Бензема имаат по 35, на нивно место доаѓаат Мбапе, Халанд, Ричарлисон

55

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти зборуваше за смената на генерации кај најдобрите светски фудбалери.

– Се наоѓаме во период на транзиција. Времето на Ибрахимовиќ, Роналдо, Суарез, Кавани е при крај… Меси и Бензема имаат 35 години, Левандовски следната година ќе наполни 35. Тие се заменети со Мбапе, Ричарлисон, Халанд, Алварез и Нуњез, изјави главниот тренер на Реал Мадрид.

Анчелоти заедно со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, постојано се залагаат за подмладување на „кралскиот клуб“.

Последна голема инвестицја на Реал во млад играч е 16-годишниот Бразилец Ендрик за кого шпанските медиуми напишаа дека е подготвена сума од околу 70 милиони евра.