Анџелина сака да се пресели во Европа, смачено ѝ е од Америка

17

Анџелина Џоли (44) во неодамнешното интервју призна дека е подготвена да живее во Лондон и набргу ќе се исели надвор од Америка иако тоа не му се допаѓа на нејзиниот поранешен сопруг, Бред Пит (55). Таа веќе купува недвижности во Европа и сака да се пресели.

„Би сакала да живеам некаде преку океанот. Ова ќе го направам штом сите мои деца наполнат по 18 години. Сега морам да бидам таму каде што живее татко им, инаку не ми е гајле што прави Бред“, изјави актерката за декемвриското издание на „Харпер базар“.

„Анџелина веќе купува недвижен имот низ цела Европа и има таен план да се пресели што побргу. Таа веќе поведе судска постапка во која бара дозвола за преселба. Смачено ѝ е од Лос Анџелес и сака да замине во Лондон“, тврди близок пријател на актерката.

„Таа веќе ги разгледува имотите што може да ги купи во централниот дел на градот, а сака и луксузна вила во Франција, што ќе ѝ служи како место за одмор. Таа е сосема сигурна дека судот ќе донесе одлука во нејзина корист и е подготвена целосно да го избрише поранешниот сопруг од својот живот“, додаде пријателот.