Анџелина Џоли е пилот, а има и свој авион

6

Актерката во 2004 година стана лиценциран пилот, објавија светските таблоиди и додаваат дека тоа го сторила за да го направи горд својот син Мадокс.

Покрај тоа што станала пилот, Џоли има и свој авион што може да го вози кога и да посака.

„Кога синот Мадокс беше мал, тој беше опседнат со авиони и јас заради него сакав да се испробам во таа улога. Сакав да биде горд на мама,“ изјави Џоли во една прилика.

Таа поседува “Cirrus SR22” кој е проценет на вредност од околу 650.000 долари, за кој таа самата вели дека е корисен – кога има гужва на патиштата.