Апасиев: Господ ги чува „будалите“, им го пробивме системот

14

„Не очајувајте, другари, долг е патот на борбата! Главата горе. И покрај сите кражби на гласови, ги изреметивме! А допрва почнуваме“, пишува фронтменот на Левица, Димитар Апасиев, на својот фејсбук-профил.

Апасиев најави дека денеска на прес-конференција Левица ќе ги изложи своите ставови во однос на изборите и на евентуалната партиципација на оваа партија во извршната власта.

„Мојот земјак, велешанецот Панко БРАШНАР беше жив сведок на двата Илиндена (1903 и 1944). Илинденското востание не успеа, но четири децении подоцна – АСНОМ успеа. Тој го отвори со својот племенит говор. Таму, во манастирот Прохор Пчињски 1944 – писар му беше Киро Глигоров. Четири децении подоцна, тој ни ја честиташе ‘суверена, самостојна и независна Република Македонија’. Ноќеска им го пробивме системот! Пенетриравме во законодавната власт – сами, со сопствени сили. На наредни избори (кои пак ќе бидат предвремени) Левица ќе има двоцифрен број пратеници. И се така, додека не го добиеме мандатот да формираме влада. Оти, Господ ги чува ‘будалите’,

напишал Апасиев.