Апелација ја одби жалбата: Продолжува стечајот на Еуростандард, утре протест на оштетените банка

13

Апелациониот суд Скопје ја одбил жалбата од Еуростандард банка против отворањето на стечајната постапка, па првото рочиште за стечајот е закажано за осми октомври, објави „Фактор.мк.“

Според Апелациониот суд Скопје, оваа жалба се одбива како неоснована. Отфрлањето на жалбата вчера беше објавено во Централниот регистар, а Одлуката била донесена на трети септември.

За стечаен управник на банката беше именуван Душко Тодевски.

Во меѓувреме, штедачите кои имаат влог поголем од 30 илјади евра, кој не можеше да биде наплатен преку Фондот за осигурување на депозити, своите заштеди ќе ги бараат од стечајната маса на банката.

Лицата и фирмите кои се чувствуваат оштетени од банката формираа свое Здружение кое утре пред Собранието ќе одржи протест.

Од сите политички партии Здружението ќе побара во најбрз можен рок да го гласаат предлог законот за регулирање на побарувањата на оштетените штедачи од Еуростандард Банка.